ДЕНЕС СЕ СЛАВИ СВЕТИОТ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ: Оваа молитва ќе ве заштити од злобните луѓе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот апостол Тимотеј и на Преподобниот маченик Анастасиј.

Светиот апостол Тимотеј
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1 – 2). По маченичката смрт на Св. апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител Св. Јован Богослов. Но кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него. Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум незнабожците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа Свети Тимотеј и го убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на Св. евангелист Лука и на Св. Андреј Првоповиканиот.
Тој се смета за заштитник на добрите и праведните, па денеска не треба да се плашите од противниците. Замолете го Бог за помош па Тимотеј ќе биде на ваша страна.

Оваа молитва кажете ја денеска:

„Богомудар Тимотее, ти си пиел од потокот на сладоста, и богомудро си ги напоил со богопознание и оние што сакаат топло да Го подржат Христа. Затоа си отишол при Него радосно. Молиго Христос Бог да ги спаси нашите души”.

Преподобниот маченик Анастасиј Персиец
Родум Персијанец. Незнабожечкото име му е Магундат. Кога царот Ираклиј војуваше со Персијанците, Магундат пребега кај христијаните, отиде во Ерусалим, се крсти и го доби името Анастасиј. Не му беше доволно што се крсти, туку се замонаши за сиот да Му се предаде на Господ. Покрај останатите подвизи постојано ги читаше житијата на Светиите и ги натопуваше книгите со солзи и самиот топло копнеејќи по мачеништво. Господ најпосле го овенча со венец на маченичка слава. Долго лежеше во затвор и беше луто мачен, додека царот Хозрој не му изрече смртна пресуда. После оваа пресуда Анастасиј го удавија во вода, па го извадија и џелатот му ја пресече главата и му ја прати на царот. Пострада на 22 јануари 628 година во градот Бетсалое, близу Нинива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This