ДЕЦАТА НЕ СЕ ИMУHИ КАКО ШТО СЕ МИСЛЕШЕ?: Xocпитализирани 15 деца во САД поради болecт што се поврзува со кopoвирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петнаесет деца во Њујорк се хоспитализирани со симптоми на повеќекратен воспалителен синдром кој може да биде поврзан со „ковид-19“, се вели во здравственото предупредување издадено од Министерството за здравство во Њујорк.

Мали пациенти на возраст од 2 до 15 години се хоспитализирани помеѓу 17 април и 1 мај. Неколкумина тестирани биле позитивни на ковид-19 или било откриено дека имаат антитела, односно преболеле инфекција на коронавирус.

Некои од нив имале постојана треска и симптоми на Кавасаки-болест или карактеристики на синдром на токсичен шок. Најмалку пет деца завршиле на респиратор, пренесува „Си-ен-ен“.

Кавасаки болеста е релативно ретка акутна детска болест. Тоа е системски васкулитис, односно воспаление на ѕидовите на средните и малите артерии, што може да доведе до запирање на протокот на крв во срцето. Обично може да се излечи и повеќето деца закрепнуваат без сериозни проблеми, но може да биде и смртоносна.

Британските педијатри неодамна предупредуваат дека помал, но зголемен број на деца страдаат од Кавасаки-заболување, што би можело да биде поврзано со коронавирус.

Педијатриското здружението за интензивна нега во Велика Британија (PICS) издаде значајно предупредување пред британската Национална здравствена служба (NHS) за мало зголемување на бројот на критично болни деца со истовремени симптоми на синдром на токсичен шок и атипична Кавасаки болест, при што некои од овие деца се позитивни на ковид-19.

„Постои зголемена загриженост дека појавениот воспалителен синдром кај деца во Велика Британија е поврзан со ковид-19 или дека може да има друг, сè уште неидентификуван, заразен патоген поврзан со овие случаи“, се вели во предупредувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This