Димoвcки – држaвaта е винoвнa: Да пpecтанат сите kaзни и огpaничувања додека државата не нaбaви вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот пратеник Илија Димовски побара да се укинат казните и ограничувањата на државата поврзани со пандемијата, затоа што таа не им обезбедила вакцинирање против Ковид-19 на граѓаните.

„Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните, фирмите и правните субјекти се додека државата не набави вакцини…

Не може сите да бидат казнувани и ограничувани ако не си ја исполнат својата обврска, а државата да биде имун и да биде заштитена…

Со Короната, единствен фактор кој целосно и комплетно не е на ниво на опасноста, не се ни фирмите, ни граѓаните, државата е!

Државата не си ја обавува со Устав и закони дадената ОБВРСКА да се грижи за здравјето на граѓаните…“, пишува Димовски на „Фејсбук“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This