Cиндикaт нa пoлициja нa Македонија: Пoпpeчyвaњe и кoчeњe нa paбoтaтa и akтивнocтa нa СПМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на полиција преку соопштение до јавноста велат дека: Под основно дефинирање на поимот Синдикат се подразбира:

„Синдикат е здружение на граѓани, вработени кај одреден работодавец, заради имплементирање и остварување на правата загарантирани со Устав, закон и други законски акти донесени од државата“.

Синдикатот како здружение е класифициран како посебен тип на здружување и во Конвенцијата за човекови права, како такво здружене експлицитно е нагласен во чл.11 од Конвенцијата заради специфичните одлики и неговата улога.

Во Уставот на Република Македонија, слободата на здружување на граѓани заради остварување на одредени нивни права е предидена во чл. 20, а правото на синдикално здружување и основање на синдикати во чл.37.

Тргнувајќи од претходно наведеното, слобода на формирање и пристапување на синдикати е добро објаснета во Упатствата за чл.11 од Конвенцијата, дел 3 точка 224, каде стои дека:

„Синдикалната слобода е есенцијален елемент во социјалниот дијалог помеѓу работникот и работодавачот и следствено на тоа многу важна алатка во достигнување на Социјална правда и хармонија”.

Во точка 225 е предвидено дека чл.11 од Конвенцијата ја заштитува слободата да се бранат правата и работните интереси на членството од страна на Синдикат, спроведувањето и развојот на тие права кои државата мора да ги дозволи и овозможи.

Во конкретниот случај на Синдикатот на полиција во Македонија, Министерот за внатрешни работи со незаконско известување ја спречи работата на Синдикат на Полиција во Македонија и со тоа постапи спротивно на Конвенцијата, како основна повелба во која се поставени основите, правата и работата на синдикат како посебен тип на здружување. Врз основа на тие насоки од Конвенцијата, Законот за работни односи во чл.186 предвидува дека синдикатот не може да биде распуштен или нивната дејност запрена по административен пат ( решение ) ако се основани и дејноста ја вршат во согласност со закон. Тука ќе напоменеме дека СПМ е основан и дејноста ја врши врз основа на решение добиено од Министерството за труд и социјална политика како надлежно по истиот тој закон. Врз основа на чл.202, дејствувањето на синдикат ќе се забрани со одлука на редовен суд и тоа доколку дејноста на тој синдикат е спротивна на Устав и закон. Овие одредби се добро насочени и дообјаснети во точка 139 од Упатствата за чл.11 од Конвенцијата каде тој член ги заштитува здруженијата од неоправдано мешање на државата (Министерството како државен орган) што вообичаено вклучува одбивање за регистрација или распуштање на здруженијата и како друга форма на КОЧЕЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ОД ИЗВРШУВАЊЕ НА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ (ПРИМЕР, ПРЕКУ ИНСПЕКЦИИ И РЕСТРИКЦИЈА НА ФИНАНСИИ ).

Бидејќи мешањето во правото за здружување не е оправдано со ниту еден закон во нашата држава, сметаме и веруваме дека Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со своето решение (незаконско известување) НЕОПРАВДАНО се мешал и ја кочел работата во извршувањето на активностите на СПМ, што не е во согласност нити со законите, а посебно не е во согласност со Конвенцијата за човекови права.

СПМ јавно повикува, Министерот за внатрешни работи Спасовски да постапи во согласност со чл.270 од Колективниот договор на МВР, каде:

„Министерството е должно да создаде услови за активности на синдикатот согласно закон и одредбите од овој колективен договор, а во врска со заштита на правата на работниците од работен однос утврдени со закон и колективен договор“,

како основна должност кон синдикално здружение како што е СПМ. Исто така од Министерот неколкупати писмено бараме да ги исполни обврските зададени по сите точки од истиот член од КД, но и обврските од чл.271 од КД кои се предвидени за претставниците на синдикат.

Исто така мора да го потсетиме Министерот за внатрешни работи Спасовски дека МПС не е единствениот синдикат во поим. Одредбите од чл.4 од Колективниот договор на МВР, врз основа на РЕШЕНИЕ У.БР.4/2017 ОД 10.05.2017 ГОДИНА ОД УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, по претходно поднесена иницијатива, ВАЖАТ ЗА СИТЕ СИНДИКАЛНИ ЗДРУЖЕНИЈА КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ВО МВР!!!

Имено во точка 4 од решението е утврдено,цитираме:

“Што се однесува до наводите од иницијативата дека појаснувањето на употребениот израз “Синдикат” во оспорениот член 4 од КД, имало значење на недозволување на постоење на никаков друг синдикат, освен МПС, СПОРЕД СУДОТ ТОА Е ПОГРЕШНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА УРЕДЕНАТА СОДРЖИНА И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИФАТИ КАКО ТАКВА.”

Исто така мораме да предупредиме дека врз основа на чл.195 од Законот за работни односи, Работодавачите ( во овој случај МВР ) не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите !!! Што во конкретниот случај е премногу очигледно и мора да престане.

Врз основа на досега објаснетото,

Г-дине Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, препознајте го Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ како синдикално здружение основано по закон и меѓународна конвенција и прекинете го попречувањето на активностите и обврските на СПМ како што обврзуваат истите тие акти.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!, стои во нивното соопштение до јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This