Директоpoт на статистика им се зakaнува на граѓаните со 3 години затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По информацијата споделена на социјалните мрежи дека преку VPN, македонски граѓани может да се пријават како да живеат во странство реагираше директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски според кој системот за попишување е максимално заштитен , а кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира.

„Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата“, вели Симовски за Плусинфо.

Програмерка од Македонија прва укажа дека системот за попишување има големи слабости и дека секој кој ќе инсталира „VPN“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This