8 илјади луѓе ќе ocтанат без paбота? – Ќе се менува 3akонот за игри на cpeќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не отстапува. Овој месец планира на своја седница да ги донесе измените на Законот за игри на среќа, со кои спортските обложувалници, казината и автомат клубовите, ќе мора да бидат оддалечлени најмалку 500 метри од училишта, факултети и верски објекти.

Доколку ги донесе измените како што планира, значи дека власта целосно нема слух за предупредувањата од еснафот на спортски обложувалници од земјава, од каде тврдат дека со овие законски измени практично ќе се затвори целата индустрија, ќе се изгубат илјадници работни места, но и ќе предизвикаат големи загуби за буџетот на државата.

Во својата програма за работа за 2021 година, каде што Владата ги наведува сите законски прописи што планира да ги донесе во текот на годинава, носењето на измените на Законот за игрите на среќа се планира за март, односно овој месец. Овие законски измени не се сметаат за висок приоритет за Владата, туку во својата програма ја ставиле како Иницијатива со среден приоритет.

„Предложените измени имаат за цел утврдување на оддалеченост на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа, како што се автомат клубови, обложувалници, и казина, не помалку од 500 метри од основни и средни училишта, високообразовни институции и верски објекти“, стои во образложението од Влдата во нејзината програма. Тврдат и дека со законот ќе се зајакнеле одредбите од аспект на висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.

Извор: Фактор

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This