April 28, 2024, 12:18 pm

Докторот чија емотивна фотографија со синот станала вирална го снашла голема неcpеќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На докторот од Арканзас чија трогателна фотографија, на која го поздравува својот едногодишен син, стана вирална среде пандемијата на коронавирус му била уништена куќата.

Фотографијата од д-р Jаред Буркс кој го поздравува својот син Зеке зад стаклото е споделена повеќе од 68.000 пати откако минатата недела беше објавена на Фејсбук од сопругата на лекарот, Алиса.

Алиса рече дека Џаред бил одвоен од семејството две недели додека работел во болницата и кога фотографијата настанала, го видел неговиот син како ползи за прв пат – преку стакло. Во саботата, Алиса објавила дека нивниот дом е уништен од торнадо што го уништи Јонсборо, и тоа додека нејзиниот сопруг беил во домот.

„Сите сме безбедни. Нашата куќа ја нема. Џаред беше внатре, но тој преживеа според благодатта Божја. Зеке и јас бевме со мајка ми“, напишала таа.

Наскоро била покрената кампања на GoFundMe за младото семејство, со што за еден ден се собрале скоро 70.000 американски долари.
Алиса објавила трогателна фотографија од нејзиниот татко со нејзиниот син на 25 март. „Ни недостасува, но го правиме она што треба да правиме“, напишала таа под фотографијата. Таа за ABC7 изјавила дека нејзиниот сопруг чувствувал одговорност да се изолира од нив.
„Неколку луѓе ме прашаа дали можам да ја споделат фотографијата. Се разбира дека можете. Можеби тоа ќе охрабри повеќе луѓе да останат дома“, додала таа подоцна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This