До 21ч cпиe виpycoт, а по 22 зapaзyва: Бypни peaкции пo пpoглacyвањето полициckи чac

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе и официјално е воведен полициски час од 22-05 часот, на територија на цела Македонија, кој започнува од 10 март, а ќе трае се до 22 март.

Оваа вест, сосема очекувано наиде на голем број противења и неодобрувања кај граѓаните, кои сметаат дека за оние кои и онака ги почитуваат мерките на претпазливост, полициски час не е потребен.

Секако, не изостануваат ниту веќе познатите коментари „До 21ч спие вирусот, а по 22 заразува“.

Особен гнев предизвикуваат и секојдневните полициски извештаи дека постојано се затвораат угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите за заштита, но и работеле по 21 часот.

Според многумина, токму вечерните прошетки биле начин на релаксација после работен ден, а сега ниту тоа нема да им биде дозволено цели две недели, како што велат, „поради туѓа несовесност“.

„Здравјето на граѓаните не престана да ви биде политика!“, „Полициски час од 22, да доработат кафаните прво…“, „8-ми март е еднаш годишно и мора да се фати корона за да се памети“, се само дел од многубројните реакции на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This