Над 4500 зapaзени и 21 пoчинaт во Србија, најавени нови рecтриктивни мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во соседна Србија денеска се регистрирани 4.590 новозаразени, а починаа 21 лице. Тестирани биле 16.929 примероци, а 3.089.025 од почетокот на епидемијата. Во болница се лекуваат 4.311 заболени со Ковид-19, а 212 се на респиратор.

Досега од Ковид-19 починаа 4.620 луѓе, а стапката на смртност е 0,93 отсто. Во Србија досега се регистрирани 498.696‬ случаи со Ковид-19.

Премиерката Ана Брнабиќ денес изјави дека, како дел од мерките против ширење на коронавирусот, таа ќе инсистира да се откажат сите концерти и дека скоро сигурно ќе има нови мерки за викендот.

„Ќе разговараме со претставниците на градот Белград и ќе инсистираме сите концерти да бидат откажани. Ова е во спротивност со сите правила и мерки и ќе бараме да бидат казнети организаторите. Не е театарска претстава или некој културен настан“, изјави Брнабиќ, пренесува Танјуг.

Кога станува збор за влошување на епидемиолошката состојба, премиерот рече дека вакцинацијата помага да не биде полошо, но дека скоро сигурно ќе има нови мерки за викендот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This