Драма во Лига на шампиони: Натпреварот пpekинат по pacистичките навpeди на еден од судиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натпреварот од последното коло во Х-групата во Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат на средина на првото полувреме поради инцидент што се случи на гостинската клупа.

Помошникот тренер во гостинскиот состав Пјер Вебо доби црвен картон во 16. минута, а од турскиот тим тврдат дека потоа четвртиот судија упатил навреди на расна основа. Следуваше десетминутна расправија со главниот судија Хатеган од Романија по што фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот.

Гостите го обвинуваат четвртиот судија Себастијан Костантин Колтеску дека за време на доделување на црвениот картон на помошниот тренер на ПСЖ, Пјер Бебо, го навредил на расистичка основа.

На клупата на Башакшехир се слушнале зборовите „оној црниот таму“, изговорени од романскиот судија по што одлучиле да се повлечат од игра.

Црвен картон доби и Демба Ба, кој бара објаснување од четвртиот судија за начинот на кој му се обратил на Бебо.

Кратко потоа, кон соблекувалната заминаа и фудбалерите на ПСЖ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This