Д-р Даниловски: Потребна е солидарност и се додека не станеме свесни за тоа ќе се влечкаме со други соеви на вируси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се одржа првата јавна научна дискусија С(ц)иеста во организација на Фондацијата Кантарот. Темата на панелот Ковид: две години подоцна, а главни точки на разговор беа варијантата омикрон и заканите од неа, вакцинацијата на возрасни и на деца и како Македонија се справува со пандемијата, а како светот.

Панелисти беа професорите од Медицинскиот факултет во Скопје проф. Стикова, проф. Д-р Драган Даниловски, специјалист по епидемиологија и проф. Д-р Никола Пановски, специјалист по медицинска микробиологија. Дискусијата ја модерираше д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и истражувач на Институтот Каролинска во Стокхолм.

Професорот Даниловски потенцираше дека е бадијала науката и технологија, ако нашите општества не научија да ги едуцираат граѓаните, да ги воспитаат на начин во кој примарно ќе биде заедништвото.

Кај нас дојде до израз индивидуализмот. Покажавме дека не сме општество кое функционира како еден добро извежбан оркестар. Се покажа дека функционираме зад една тенка фасада на успешна приказна. Не бевме спремни да признаеме дека ни се заканува општа глобална кризна и тоа ни се одмазди. Потребна е солидарност и се додека не станеме свесни за тоа ќе се влечкаме со други соеви на вируси. Се покажа дека граѓанството нема доверба во институциите. Недовербата кон мерките воопшто поради што беа неуспешни насекаде, повеќе или помалку беше и неконзистентноста на тие мерки, изјавите, препораките што од самиот почеток требаше да бидат базирани исклучиво на наука. Дополнително, до недовербата придонесе и фактот што вакцините беа многу брзо подготвени, па оттука се создаде плодна почва за теории на заговор, рече проф. Даниловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This