Дa нe бeшe жaлнo, ќe бeшe cмeшнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија во врвот на листа најкорумпирани земји во светот. Друштво ни прават далечната и степска Монголија, и Панама. Не сме во друштво со европските држави, не сме ниту во друштво со соседите. Ние сме длабоко закотвени на дното, со сидрото на Заев од кое никако да тргне бродот, па макар и со ветар во едра.

Овде ништо веќе не е нормално, всушност тоа е новата нормалност која што премиерот ни ја најави, само што не сме го разбрале. Нормално е да се открие некој кој му се заканувал на премиерот експресно, но невозможно и ненормално е да се сузбие насилството, криминалот и девијациите како онаа во групата на Телеграм наречена јавна соба.

Да не беше жално, ќе беше смешно, ама навистина, како поинаку ќе ја опише човек изјавата на Шекеринска сека како држава сме можеле одамна да ја имаме вакцината, ама не сме ја набавиле за да видиме дали е безбедна. Нека се вакцинираат сите, и ако е во ред, тогаш ние. Некако не ми штима, а другари? САД, Русија и Кина ги пуштаат во промет и вакцинираат, а Шекеринска вика чекај може не е безбедна… ај ќе застанам тука.

Истата таа Шекеринска две ипол години не може да постави воен претставник на Македонија во НАТО. Членка сме, а како да не сме.

Капак на се се чини дека е пописот. Заев решил да брише патос со Македонија, па макар и последно му било… Македонија ќе попише се, самода излезе математиката на Заев, упс… Заев и математика не идат во една реченица. Сепак тоа е човекот кој најавуваше економско блескање, па завршивме рѓосани со долг од над 60%, 55 илјади на улица и општа сиромаштија.

И додека Македонија тоне, додека оваа банда ја раскрчмува, тука се дежурни спотери како Апасиев кои одливот на гласови од Заев треба да го канализираат кај себе, и со тоа да спречат окрупнување на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е последниод адут на Заев и црквата во која се моли.

И да повторно за крај, да не беше жално, ќе беше смешно. Но знам дека и вие, а и јас го знаеме решението, а богами и не треба да чекаме.

Пишува: Светислав Васев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This