Дoкoлкy ce двoyмитe дaли дa ce вakциниpaтe, eвe штo тpeбa дa знaeтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста волку внимателно не го следела развојот на вакцина уште откако д-р Џонас Салк откри како да се вакцинираат децата од полио во 50-тите, вели Си-ен-ен.

За да одговори на прашањата што некој можеби ги има во врска со вакцината против ковид-19, Си-ен-ен консултирал двајца експерти: д-р Вилијам Шафнер, професор на Одделот за заразни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот Вандербилт, и д-р Рут Карон, водечка експертка за вакцини и професорка по меѓународно здравје на Џон Хопкинс Блумберг школата за јавно здравје.

Медицинските експерти, успешните клинички испитувања и центрите за контрола и превенција на болести постојано нѐ уверуваа во безбедноста и ефективноста на вакцините. Но здравствените експерти сериозно ја сфаќаат вашата загриженост, вели Шафнер.

„Мораме сериозно да ги земеме предвид двоумењата и скептицизмот на сите“, вели тој. „Ова е нов вирус кај човечката популација, нови вакцини што користат нови технологии, така што го разбирате тоа што луѓето донекаде се двоумат.“

Тие двајца одговараат на прашањата што некого би можеле да го поколебаат да се вакцинира.

„Не знам што има во вакцината“

Ова е фер прашање, велат двајцата експерти. Списоците со состојките на вакцини содржат многу долги имиња што само хемичарите би ги препознале.

Еве некои од главните состојки на вакцините на Модерна и Фајзер и како тие функционираат:

иРНК: кратенка за информациона рибонуклеинска киселина, иРНК е „генетски софтвер“ што им кажува на клетките како да го направат коронавирусниот шилест протеин, структурата што ја користи вирусот за да ги нападне клетките. ИРНК го привлекува вниманието на вашиот имунолошки систем, па тој е подготвен да го нападне шилестиот протеин ако се појави инфекција. ИРНК се распаѓа штом ќе ја пренесе својата порака, вели Шафнер, и вие ги излачувате нејзините остатоци.

Масни липиди: ИРНК е мошне кревка, па затоа е обложена со масен липид за да ја заштити. Липидите, масна материја, може да се стопат на собна температура – затоа и двете вакцини мора да се чуваат на екстремно ниски температури. Масните липиди што се користат во вакцините против ковид-19 содржат полиетилен гликол-2000 и холестерол, меѓу другото.

Соли и шеќери: Солите како што се калиум хлорид и натриум хлорид се во вакцината за да се балансира киселоста во вашето тело. Шеќерот, наведен како сахароза, е таму за наночестичките од вакцините да ја задржат својата форма.

Другите вакцини, како што е АстраЗенека, се потпираат на различни технологии отколку иРНК и, според тоа, имаат различни состојки.

„Вакцината е создадена премногу брзо за да биде сигурна“

Вистина е дека вакцините против ковид-19 беа развиени и тестирани побрзо од другите вакцини што ни се познати. Но обемните клинички испитувања ја докажаа нивната ефикасност.

Дел од причината зошто вакцините се развија брзо е затоа што околностите бараа брзина: ние сме во пандемија во која починаа повеќе од 2 милиони луѓе низ целиот свет, а се разболеа над 103 милиони луѓе. Потребата од вакцина е итна.

Затоа, наместо да ги чекаат резултатите од испитувањата за производство на вакцина, компаниите што ги создаваат овие вакцини ги произведоа истовремено за да бидат подготвени да се применат кога ќе завршат испитувањата, вели Шафнер. Обично компаниите што создаваат вакцини чекаат да заврши испитувањето пред да го одобрат производството на вакцините.

„Секако, нашето ‘коцкање’, така да кажам, излезе победник“, вели Шафнер.

Технологијата што ја користат вакцините, иРНК, беше развиена многу пред вирусот што предизвикува ковид-19 да почне да циркулира кај луѓето, така што може да ѝ се верува, велат Шафнер и Карон.

Испитувањата на вакцините против ковид-19 вклучија десетици илјади учесници, вели Карон, чии реакции на вакцината беа внимателно следени со месеци пред вакцините да бидат одобрени.

Производителите на вакцини исто така ги имаа ресурсите за да го забрзаат процесот – немаше проблеми со побарувачката или финансирањето, вели Карон.

„Вакцината може да ми вбризга ковид-19“

Вакцината не може да ви вбризга ковид-19, вели Шафнер, бидејќи не го содржи вирусот. Содржи иРНК, или информациона рибонуклеинска киселина, која им кажува на вашите клетки како да го создадат протеинскиот шилец што вирусот го користи за да зарази други клетки.

Живиот вирус никогаш не влегува во вашето тело во процесот на вакцинација, вели Карон – вашите клетки учат како да направат дел од вирусот, но коронавирусот не може да се реплицира на тој начин.

Може да почувствувате некои „интензивни, но кратки“ симптоми како замор, гадење и мала температура откако ќе се вакцинирате, вели таа. Ова често се синоними за ковид-19, но овие несакани ефекти предизвикани од вакцините треба да се повлечат во рок од 24 до 48 часа, вели таа.

Исто така е можно да не претрпите несакани ефекти, вели Карон, или тие може да бидат благи како главоболка и болка во раката. Во секој случај, нема да добиете ковид-19 од вакцинирањето.

Студиите за вакцини против ковид-19 ја докажаа нивната ефикасност во спречувањето тешка болест.

„Вакцината може да ја смени мојата ДНК“

Вакцините против ковид-19 не ја менуваат ниту имаат контакт со вашата ДНК.

ИРНК никогаш не влегува во јадрото на клетката во кое е сместена ДНК, вели Карон. Својата работа ја врши во цитоплазмата, течноста во клетката.

Освен тоа, иРНК воопшто не останува во телото. Таа се раствора откако ќе им испрати порака на клетките и излегува од вашето тело, вели Шафнер.

„Вакцината може да му предизвика аутизам или вродена мана на моето дете“

Ова не е точно. Неколку студии постојано покажуваа дека вакцините не предизвикуваат аутизам ниту проблеми во развојот кај малите деца. Тоа верување е засновано на побиена студија од 90-тите години на минатиот век, која оттогаш е повлечена.

Како што е наведено погоре, вакцината против ковид-19 не се меша со ДНК.

„Несаканите ефекти на вакцината може да бидат сериозни“

Малку е веројатно дека ќе имате сериозна реакција од вакцината против ковид-19. Многу е поверојатно дека ќе имате „локална реакција“, како што се црвенило и болка во раката или мала температура, вели Шафнер.

Симптомите обично се посериозни кај помладите отколку кај постарите луѓе што вакцинираат, вели Карон. „Тоа е мала цена за да се спречи ковид“.

„Може да имам алергиска реакција на вакцината“

Ова е можно, но е многу ретко: околу 11 случаи на еден милион случаи на вакцинации против ковид-19 резултираа со алергиска реакција, вели Карон.

Луѓето со тешка алергија треба да се консултираат со својот лекар пред да се вакцинираат, вели таа, но дури и оние со алергии ја добија вакцината без реакција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This