Дpaма во советот на Град Скопје: Пpeкината ceдницата по неколку незгoдни прашања за Шилегов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска дрма настана денес во советот на Град Скопје откако советникот од редовите на ГРОМ и портпарол на партијата, Александар Трајановски на седницата за советнички прашања го запраша градоначалникот каде се чешмите кои се платени пред една година, поточно каде се поставени и кои чешми во Скопје се новоизградени?

Градот Скопје константно врши набавки од едно правно лице три години по ред и тоа висина од 2 милиони денари за 2019та години, а набавките во 2020 и 2021 се идентични на ист ден во висни од 4 милиони и 700 илјади денари.

Оваа правно лице работи исклучиво со Град Скопје, а освен чешми продава и клупи и корпи за отпадоци.

Токму поврзано со корпите за отпадоци и контејенерите беше второ советничко прашање на советникот Трајановски.

-Како може правно лице од кое Град Скопје врши набавка на контејнери, а многу брзо и набавка и на подземни контејнери во висина од 30 милиони денари, истото правно лице кое патем има тројца вработени да работи и на новогодишно украсување во повеќе општини во Град Скопје и други општини низ македонија и тоа за само еден месец, запраша тој.

Kaко што спомена и Трајановски фирма со тројца вработени го кити Скопје и скопските општини со новогодишни украси, а истата фирма го кити Скопје со контејнери, корпи за отпадоци, продава терапија за корона вирус на болницата 8ми Септември, а во времето што им преостанува сервисираат и продаваат пумпи и електро мотори.

По поставените прашања градоначаникот, Петре Шилегов не се јави за одговор, а за кратко потоа беше прекината Зум конференцијата на која се одржува седницата на совет на Град Скопје со образложение дека се прекинала конекцијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This