Дpaма во cyдницата пopaди г*j фантазии: Обвинителот Ајро пpaша дaли дpyг мaж cпиeл co coпpyгот нa Бoнeвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува фарсата наречена судење, поврзана со случајот со Силвана Бонева и патните трошоци за кои екс пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ има целосна документација која ги оправдува истите.

Имено денеска во судот сведочеше сопственикот на станот во кој под ќирија престојувал сопругот на пратеничката. На прашање на обвинителот од СЈО, Артан Ајро дали во станот покрај сопругот престојувала и Силвана Бонева тој одговори негативно.

На обвинителот овој одговор не му се допаѓаше па си допушти да падне на ниски страсти и да го запрашал сопственикот на станот дали тој спиел со сопругот на Бонева па да знае дека во станот не престојувала екс пратеничката.

-И ДЕНЕШНИТЕ 4 СВЕДОЦИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ГО ПОТВРДИЈА НЕОСНОВАНОТО ОБВИНЕНИЕ НА СЈО, ДЕКА СУМ БИЛА СМЕСТЕНА ВО СКОПЈЕ И ДЕКА НЕ СУМ ПАТУВАЛА ЗА СТРУМИЦА

Следното рочиште продолжува на 04.03.2021 год., со сведочење на останатите сведоците на обвинителството, напиша на Фејсбук поранешната праничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева по завршувањето на судењето.

Бонева најави дека со 7.000 докази ќе докаже дека не давала лажни фискални сметки од патарини

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This