Сопругата на Ким Јонг Ун e жива и здрава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ри Сол Џу му се придружи на сопругот на концертот во вторникот по повод роденденот на таткото Ким Јонг Ун и поранешниот лидер Ким Јонг Ил, кој почина во 2009 година.

Ри отсекогаш била со својот сопруг на важни настани во минатото, но ја нема видено во јавноста од јануари минатата година. Нејзиното непојавување во јавноста предизвика шпекулации за нејзиното здравје или потенцијална бременост.

Јужнокорејската разузнавачка агенција наведува дека Ри избегнувала јавни настапи поради загриженост за „ковид-19“, но и затоа што сакала да поминува време со деца. Според официјалните податоци, Северна Кореја не забележала ниту еден случај на ковид.

Медиумите наведуваат дека двојката била насмеана и весела на концертот, а Би-Би-Си додава дека тие не носеле маски и се држеле на дистанца.

Ри Сол потекнува од богато семејство. Нејзиниот татко бил професор, а нејзината мајка акушер. Медиумите наведуваат дека Ри има 31 година и дека пред нејзиниот брак била пејачка во областа Унхас, елитна трупа чии членови ги избира државата.

Се верува дека таа се омажи за Ким во 2009 година и дека бракот е договорен брзо по мозочниот удар на Ким Јонг Ил во 2008 година. Според јужнокорејската разузнавачка служба, Ким Јонг Ун и Ри Сол Џу имаат три деца.

И додека таа понекогаш се појавува на разни социјални маршеви и настани со нејзиниот сопруг, забележани се долги периоди – од година до две, кога Ри Сол воопшто не можеше да се види. Во тоа време се шпекулираше дека Ким можеби ја убил, но помалку драстичните идеи велат дека Ким и забранува да излегува како „обука за дисциплина“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This