Екcпepт нa СЗО ги “пoпapи” САД: He пoтпиpajтe ce пpeмнoгy нa американските paзyзнaвaчки cлyжби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од експертите на Светската здравствена организација во мисијата за истражување на потеклото на коронавирусот во Вухан ја доведе во прашање веродостојноста на американското разузнавање за пандемијата.

„Не потпирајте се премногу на разузнавачките служби на САД“, напиша членот на СЗО, Питер Дасак, на „Твитер“.

Постот на Твитер може да го погледнете ТУКА.

„Франс прес“ наведува дека коментарот следел по изјавата на портпаролот на Стејт департментот во која се чини дека САД се дистанцирале од првичните наоди на експертите на СЗО.

Меѓународен тим од кинески експерти и експерти на СЗО објави дека не е пронајдено животното од кое потекнува коронавирусот и дека нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу пред да биде откриен.

Експертите исто така оценија дека хипотезата дека коронавирусот „избегал“ од лабораторијата е крајно неверојатна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This