Жолт картон од Американците за Радев: Жecтока реакција на американската амбасада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на САД во Бугарија реагираше на изјавата на новоизбраниот бугарски претседател, Румен Радев, дека Крим е руски.

Во соопштението на амбасадата се наведува дека САД се длабоко загрижени од неодамнешната изјава на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во која тој Крим го прогласи за „руски“.

„Ние сме длабоко загрижени за неодамнешните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев со кои Крим го означи како руски. САД, Г7, Европска Унија и НАТО беа јасни и единствени во својата позиција дека и покрај анексијата од Русија и постојната окупација, Крим е Украина“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Таа го потсети Радев дека и Бугарија ја поддржа иницијативата Кримска платформа во август годинава, со која се признава дека Крим е интегрален дел од Украина. Овој меѓународен механизам треба да помогне да се обноват односите помеѓу Русија и Украина така што ќе се поништи анексијата.

„Сите ние се обврзавме дека никогаш нема да ги признаеме напорите на Русија да ги озакони нелегалното заземање и окупацијата на полуостровот. Во изминатите денови, ние ја изразивме нашата загриженост и во Вашингтон и во Софија“, стои во соопштението.

За време на предизборната дебата во петокот, Радев кажа дека западните санкции против Русија не ги дале очекуваните резултати и дека Европската Унија би требала да го обнови дијалогот со Москва.

„Бугарија не треба да ја гледа Русија како непријател. ЕУ ги воведе санкциите поради Крим и Украина не доби ништо со тоа. Крим е очигледно руски“, кажа Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This