(Фото) Македонски автомобил швepцувал дpoга во Бугарија: Цариниците во шok откако откриле што kpие во возилото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17 ноември во 15 часот, царинските инспектори од одделението за борба против трговијата со дрога при територијалната управа на софиската царина сопреле автомобил кој влегувал во државата со двајца македонски државјани кои патувале од Македонија кон Турција, пренесуваат бугарските медиуми.

При физичкиот преглед пронајдени се 61 пакување зелена трева, марихуана. Тие биле скриени на различни места во автомобилот – под предните и задните браници, под задното седиште, во моторниот простор, кај бришачите, во резервната гума и боцата на системот за гас.

Станува збор за марихуана во тежина од 32.525 килограми.

Странците кои патувале во возилото се приведени и обвинети и им е определена мерка притвор, а истрагата за случајот продолжува под раководство на Основното обвинителство во Благоевград.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This