April 28, 2024, 10:10 am

ЗАЕВ ВЧЕРА ГО PAЗРЕШИ ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Еве што му одговори тој на Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев вчера објави дека како претседател на СДСМ ги paзрешува сите 78 претседатели на општинските организации на партијата, а меѓу нив е и пратеникот во македонското Собрание, Костадин Ацевски, кој го предводеше локалниот огранок на Ѓорче Петров.

Пратеникот по објавената одлука на премиерот на Македонија побара обединување во партиските редови и нов почеток со свежи сили, обидувајќи се да го крене моралот на партијата.

„Другарки и Другари, Ви благодарам на подршката, пожртвуваноста, лојалноста…
Ви благодарам на се што направивте до сега, и на се што ќе направите од сега, за партијата и државата! Почит до небо и поклон до земја!!! Функциите се менливи и минливи, нашето единство, другарство и посветеноста на СДСМ, не!!! Продолжуваме сите заедно напред, поединствени од било кога!!!“, објави Ацевски.

Тој важи за еден од најактивните во својата партија, особено на локално ниво во Ѓорче Петров и се очекува повторно да биде реизбран. Заев најави дека ќе бидат реизбрани оние кои задоволиле со својата работа, а додека пак кај оние кои биле неактивни ќе бидат заменети со други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This