ЛАНИ ЗАЕВ ИНКАСИРАЛ 15 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ОД АЈВАРОТ: Двете фирми на Заеви „Мамас Фоод“ и ќерката „Тргопродукт“ лани направиле приходи од речиси 15 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двете фирми на Заеви „Мамас Фоод“ и ќерката „Тргопродукт“ лани направиле приходи од речиси 15 милиони евра. Нивните конкуренти од Гевгелија: ДИЕМ и „Випро“ лани од продажба инкасирале 10,5 милиони евра. Сите четири компании, познати бренд производители на ајвари, конзервиран зеленчук и овошје лани имаат добивки од работењето, пренесува Фактор.

Четири големи македонски капацитети за преработка и конзервирање зеленчуци и овошје лани направиле приходи од 25 милиони евра. Резултат за почит, кој покажува дека има бизнис во производството и конзервирањето на зеленчуци и овошје. Сите четири компании се со седишта во југоисточна Македонија и по две во Струмица и околијата и другите две во Гевгелија.

Најголеми приходи од продажба лани има „Тргопродукт“ од струмичко Дабиле и тие изнесуваат 10 милиони евра и во однос на 2017 година бележат минимален раст од 3 отсто. Добивката на оваа компанија е 1,25 милиони евра и лани е за 27 отсто пониска од профитот остварен во 2017 година.

Нејзината фирма мајка е „Мамас Фоод“ од Струмица која во домашната јавност е позната по две работи. Првата е дека произведува фантастичен деликатес – традиционален ајвар и втората дека е дел од бизнис групацијата на поширокото семејство на Зоран Заев, претседателот на Владата и претседател на СДСМ. Оваа компанија лани има 4,76 милиони евра приходи и тие пораснале за речиси 13 отсто во однос на претходната година. Профитот на компанијата лани е за 10 пати поголем од претходната година и изнесува 382.000 евра.

Поуспешна од гевгелиските фирми лани била ДИЕМ и нејзините приходи достигнале 6,5 милиони евра што е за 17 отсто повеќе од претходната година. Добивката на оваа компанија достигна безмалку еден милион евра (односно 928.000 евра) и е повисока за 6 отсто во однос на претходната година.

Другиот гевгелиски бренд од конервната индсутрија е „Випро“ и неговите приходи лани се 4,14 милиони евра. Добивката е на ниво од 269.000 евра. Оваа компанија бележи статус кво во однос на претходната 2017 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This