Заев: Република Македонија ниту ќе пpoвоцира, ниту ќе koленичи, ние не сме пpoблем, ние решaваме пpoблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот белег како партија беше и се уште е никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ не ги туркаше под тепих најтешките проблеми, туку напротив, СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата.

„Со храброста на раководството и на членството на СДСМ, со мнозинската волја на нашиот народ, ние станавме членка на НАТО Алијансата и сега ја водиме финалната акција за старт на преговорите со ЕУ.

Благодарен сум и оддавам почит и признание на сите што се вградија во овие важни државни процеси.

Заедно постигнуваме историски успеси со зачувување на македонскиот идентитет, за цементирање на нашиот територијален интегритет преку членството во НАТО и за етаблирање на нашата Македонија на светската политичка сцена, со најмоќните сојузници во светот, како почитувана и мирољубива земја.

Една од двете стратешки цели поставени уште пред 30 години денеска е остварена. Нашата татковина чекори напред, по вистинскиот, по европскиот пат и нема враќање назад, продолжуваме напред!

Тоа е нашиот втор голем, историски, државнички успех. И уште една суштинска разлика со нашиот политички опонент, ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години земјата ја држеше изолирана и заробена, на погрешен пат.

Ние градевме и изградивме цврсти темели, на вистински вредности во кои веруваме, чувајќи ја цврсто, сигурно нашата посебност, нашиот македонски идентитет. Ја зајакнувавме арматурата на нашата држава, ги јакнеме меѓуетничките односи преку концептот „Едно општество за сите“ и преку институции кои работат за граѓаните.

Преку Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ние ја потврдивме нашата искрена добрососедска намера кон сите. Република Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи. Ние не сме проблем, ние решаваме проблеми!“ посочи претседателот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This