(Видео) Бајден и Харис се марионети: Гренел за тоа кој навистина владее со Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во реалноста, Соединетите држави не ги води претседателот Џозеф Бајден, па дури ни потпретседателот Камала Харис, а моќта е во рацете на Сузан Рајс, која е во администрацијата на чело на Советот за внатрешна политика на Белата куќа.

Овие сензационални тврдења беа изнесени од поранешниот шеф на американската Национална разузнавачка служба, Ричард Гренел.

Како што вели тој, Бајден е незначителна фигура, тој е слаб и нема никакво влијание, додека Камала Харис воопшто не разбира што се случува и како треба да постапува.

„Имаме претседател од сенка – Сузан Рајс“, рече Гренел, како што објави рускиот портал „Утро“.
Рајс зазеде пријатна позиција што не привлекува внимание, но и дозволува да влијае не само на внатрешната, туку и на надворешната политика, проценува Гренел.

Според Гренел, Рајс е експерт за надворешна политика и не знае ништо за внатрешната политика, но тоа е јасен знак за тоа како ќе се третираат надворешно-политичките прашања во Вашингтон – исто како и прашањата од внатрешната политика.

Затоа настана хаос на меѓународната сцена, тврди близок соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Рајс порано беше соработник на претседателот Барак Обама. Се очекуваше, според извештаите на медиумите, таа да биде назначена за државен секретар на САД.

Таа е позната по изразените антируски ставови. Така минатата година таа тврдеше дека Москва предизвикала немири на улиците на американските градови откако полицајците убиле Афроамериканец.

Да потсетиме, пред два дена повеќе од 120 пензионирани американски генерали потпишаа отворено писмо во кое го критикуваа американскиот претседател Џозеф Бајден.

Во писмото се вели дека „нацијата е во длабока опасност“.

„Менталната и физичката состојба на Врховниот командант (вооружените сили на САД, Џо Бајден) не може да се игнорираат. Тој мора брзо да носи одлуки во областа на националната безбедност, каде било, дење и ноќе “, истакнуваат авторите на писмото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This