ЗАЕВ СИ ТЕРА ПО СВОЕ: И без договор ќе го стави законот за обвинитeлcтвo на Влада и во Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека прави се што може за Парламентот да работи во полн состав и да може да очекува повеќе од 80 пратеници или да биде обезбедено минималното дво-третинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство.

Како што соопшти Заев, планирано е веќе денеска да има седница на Влада за да може да се фатат последните три дена, согласно законите со европско знаме и да може да се заврши на време со распуштање на Парламентот.

– Верувам дека вечерва ќе може да се одржи седницата на Влада за да се усвои ваквото предлог законско решение и да се испрати до Парламентот, за да може утре да се сработат сите постапки во Парламентот – изјави Заев.
Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог амандмани, Заев рече дека затоа е преговарано пред усвојување на Влада, за да нема отворање на амандмани во Парламенот на кои може да се поднесуваат предлози.

– Реков дека Парламентот може да го одложи распуштањето ако некој се обиде да направи блокирање на одредени законски решенија. Верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот во Влада – изјави Заев.
Тој ги повика сите политички партии, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за да се донесе таа одлука.

– Создадовме решение што верувам дека заслужува консензус во Парламентот. Уште еднаш испраќам директна покана до Христијан Мицкоски и повик ВМРО-ДПМНЕ да учествува во овој закон, затоа што се што бараа во овој период низ разговорите кои две години се случуваат е веќе вградено. Имаме законско решение што дефинитивно ќе и помогне на нашата држава на патот кон ЕУ, но и дефинитивно ќе им помогне и на нашите граѓани да дочекаат правна држава – изјави Заев.
Според Заев, вредно е да аргумент повеќе, особено кога се работи за можност за добивање датум за почеток на преговорите.

– Конечното решение ги опфаќа предлозите од работните групи. Во нив е вграден нормативот на години стаж на јавниот обвинител во ЈО, соодветната употреба на јазици во државата, сите сугестии кои дојдоа од Алијанса на Албанците, од Алтернатива, од БЕСА, сето тоа што е разговарано е веќе потврдено и вградено во самиот закон. Благодарение на независната пратеничка група се вградени механизми кои верувам дека ги ставаат сите во посигурна состојба за да име едно вакво решение, а тоа е дека незаконските прислушувани материјали во периодот 2008 – 2015 година не може да бидат основа за обвинение. Целосно е регулирано во законското решение што со предметите до 30 јуни 2017 година, што со истрагите после тоа – изјави Заев.
Заев посочи дека влегувањето во сила на самиот закон ќе ја потврди обврската веднаш по конституирањето на Парламентот да се пушти и новиот кривичен закон, на кој работат германски експерти и е во финална фаза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This