Подобро сите да стиснеме заби два месеци, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите. Вака лидерот на СДСМ ги правда предлог мерките за надминување на економската криза од коронавирусот, кои неговата партија минатата недела јавно и ги соопшти на јавноста, а сега очекува за нив да се изјасни и Владата. Во интервју за Фактор, Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искрено говори дека поради кризата, во буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра. Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди, вели Заев во интервјуто за Фактор.
Извор: Фактор