Според неофицијални информации со кои располага Инфомакс затворени се повеќе одделенија во болницата во Струга. Дознаваме дека затворени се лабараторијата, ренгенот и интерното одделение во Струга. Причината најверојатно е епидемијата на опасниот коронавирус.
Немаме информации дали повторно станува збор за заболен медицински персонал каков што беше случајот на клинички во Скопје и во болницата во Куманово. Бројката на заболени од коронавирусот во Македонија секојдневно расте, денес министерот за здравство информираше дека бројот на заболени од коронавирусот во нашата држава ќе расте, но за жал ќе расте и бројот на починати.
Она што најмногу загрижува е бројот на заболени доктори кои би требало да се грижат за заболените.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.