Заев: Hocам одговopнocт зa мoитe пocтапки, но ги нocaм и ловopикитe кога ќе ycпеам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновото интервју за неделникот „Фокус“, свое интервју доби претседателот на владата Зоран Заев, во кое тој говореше за актуелните политички проблеми во државата. Околу проблемот со Бугарија, тој истакна дека се договорени 5 историски личности.

– Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка, вели премиерот Заев одговарајќи на прашањето на „Фокус“, по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.

Притоа претседателот на Владата, Заев додава дека „ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без никакви територијални претензии ниту кон Бугарија ниту кон другите соседи“.

– Дефинитивно, мислам дека претседателот Радев, кој е европски лидер, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса на нашето пријателство да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа“, оцени Заев изразувајќи задоволство од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија Аугусто Силва и еврокомесарот Вархеји неодамна ги соопштија по посетата на Софија и Скопје и изразувајќи надеж дека на крајот на денот Европската Унија ќе го испорача она што го очекуваме.

Посочувајќи дека со цел да успее процесот е договорено да не се соопштуваат детали, Заев додава дека нашиот народ треба да биде информиран дека ова е добра основа и дека очекувањата се во рамките на предлогот, кој ќе биде разгледуван од Владата и во консултации со Претседателот на државата и сите соодветни инстанци ќе бидат изградени позициите на нашата држава.

– Важно е дека ќе го добиеме она што очекуваме како минимум, а тоа е, да се води грижа за чист македонски јазик и за македонскиот идентитет, изјави Заев за „Фокус“, повторувајќи дека европските лидери и членки на ЕУ потврдија дека аргументите се на наша страна и со оглед на условите во Бугарија која има техничка Влада, се очекува во наредниот период, по седницата Министерскиот совет – ГАК, да почнеме со Првата меѓувладина конференција.

За предлогот на опозицијата да се напушти договорот и да се направи нов, со повеќе меѓународни гаранции, премиерот Заев вели дека е многу несериозно да се откаже договор, кој веќе почна да се реализира и за кого има уште многу да се направи, притоа повторувајќи дека идентитетот и јазикот се познати црвени линии, за кои ниту Владата ниту Унијата можат да разговараат и да ги менуваат.

– Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денеска државата е почитувана повеќе од било кога, вели Заев посочувајќи го изнајденото решение за проблемот со името со соседна Грција, која сега не е само пријател туку и важен стратешки партнер и еден од најголемите поддржувачи и инвеститори.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This