Заев oд Виена: Иднинaтa нa Европа e co Зaпaдeн Балкан, a иднинaтa нa Зaпaдниoт Бaлкaн e co Евpoпa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премирот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.

„Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Се додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот“, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

Денешната панел дискусија во Виена, нагласува премиерот, уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.

Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This