И Грците кои се пpoтив Пpecпанскиот ќе се најдат на цpнaтa листа на CAД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе може да се најдат на црна листа на САД, изјавил за Гласот на Америка, портпарол на Стејт департментот.

„Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање“, рекол портпарол на Стејт департментот.

Тој на почетокот на неделава, во одговор за Гласот на Америка, исто така, истакнал дека одлуките за додавање нови имиња на црна листа се „предмет на внимателен, дисциплиниран процес, и важи само во најсериозни случаи“.

На прашањето дали извршната наредба на Бајден опфаќа и граѓани кои јавно се спротивставуваат на Договорот од Преспа на социјалните медиуми, портпаролот тогаш истакнал дека намерата на САД не е да се спречат приватни лица да изразуваат мислење и оти САД охрабруваат силна дискусија и дебата меѓу граѓаните глобално и на Западниот Балкан.

Повеќе на следниот ЛИНК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This