Започна процесот прoтив Трамп: За прв пат во историјата на САД импичмент пpoтив поранешен претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна вториот импичмент процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа е прв таков процес во историјата на САД против поранешен претседател.

Процесот на импичмент поради обвинувања за „поттикнување бунт“ непосредно пред „смртоносниот марш на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил на 6 јануари“ беше отворен од сенаторот Патрик Лихи, а на почетокот беа објавени видеа кои го покажуваа насилното однесување на луѓето кои упаднаа во Конгресот.

Демократите тврдат дека имаат „непобитни“ докази за вината на Трамп, додека адвокатскиот тим на поранешниот американски претседател возвраќа дека демонстрантите дејствувале независно и оценува дека постапката во Сенатот е „апсурдна и неуставна“.

Трамп е единствениот американски претседател против кого е покрената постапка за отповикување. Доколку Сенатот одлучи да го отповика, Трамп никогаш не би можел да се кандидира повторно, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство од вкупно 100 сенатори. Демократите имаат 50 места во Сенатот и веројатно нема да имаат поддршка од доволен број (17) републикански сенатори. Двете страни, обвинителството и одбраната, ќе имаат по 16 часа да ги изнесат своите аргументи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This