Koaлициjaта Миjaлков – 3aeв во паниka: Уапceн таткото на Дeшo човeкoт кој доби aзил за 27 април во Шведска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само два дена по ексклузивното сведоштво на Дејан Давидовски за Инфомакс и јавната објава со која директно ги посочи организаторите на 27 април ескалираа притисоците врз фамилијата Давидовски во Скопје.

Давидовски за се наоѓа во Шведска откако влезе во постапка за добивање на азил поради политичкиот прогон кој го спроведува власта на Зоран Заев тука во Македонија. Судот во Шведска одби негова екстрадиција потенцирајќи дека во Македонија му е загрозена безбедноста, негова и на неговата фамилија и истакна дека во случајот 27 април нема елементи на кривичното дело тероризам.

Во минато неделното издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс се вклучи во живо Дејан Давидовски Дешо, кој зборуваше за настаните околу и по 27 април.

-Една недела по 27 април, бевме со Нинџа излезени, ни се јавија дојди во гаража, накај 2 саат, таму исто ги видов Зврлевски, Никола Бошковски, се качија они горе, ја останав доле. После Нинџа дојде, вика понуди ми даваат за Кољо да се пријавел, ќе го осуделе на минимално, на девет месеци. Имаше пазарење, за на крај да си лежат тие што не треба, изјави Давидовски.

Давидовски потенцираше дека за се има докази и видео записи.

-Ќе дојде крајот, има доволно информации, доволно снимки, се ближиме кон целта. Имам за сѐ и видео и аудио записи за се имам. и тие шо се правеа дека не знаеле дека не се познавале еден со друг, се има, вели Давидовски

Откако Давидовски попознат под прекарот Дешо го посочи Сашо Мијалков како „командатот“ и главниот организатор на настаните 27 април, полицијата извршила претрес во домот на Давидовски, а неофицијално во овие моменти неговиот татко е уапсен и на пат накај затвор поради неплатена казна.

Во соопштениети од Давидовски испратено до јавноста тој повторно истакна дека поседува докази за 27 април и за тоа кој всушност стои зад упадот во Собранието.

-Во наредниот период ќе објавам и Разговори во Аудио и Видео запис во врска со 27 Април водени мегу партиските функционери и Сашо Мијалков.

Во своето соопштение објавено на Фејсбук тој посочи дека организаторот на 27 април е Сашо Мијалков.

-Македонскиот народ има право да ја знае вистината за 27 април ние македонските патриоти сме искористени и жртвувани од УБК и Сашо мијалков !!!!

Ова е една од изјавите и сведоштва кои Македонците мора да ги знаат, мора овој проклет ден 27 Април, да се расчисти, затоа што токму тој ден се продадоа…, уништија, ги ИЗГОРЕА сите Патриотски здруженија, ја продадоа Македонија.

Притисокот врз семејството Давидовски е уште еден доказ за политичкиот прогон во Македонија, но што е најважно доказ за коалицијата помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков, човекот кој по се изгледа Заев очајно се обидува да го заштити.

„Тешки Муабети“ – Епизода 18, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 18, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски – Миќо Тема: 27 Април

Posted by infomax.mk on Sunday, February 7, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This