Има ли абер за членство на Македонија во ЕУ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По прогласувањето на независноста во јануари 1991 година, Република Македонија го истакна членството во Европската унија како една од нејзините стратешки интерес. На 22 март 2004 година, Владата на РМ поднесе барање за членство во ЕУ со што се потврди континуираната и јасна политички определби за приклучување кон Унијата. На Самиот во Брисел на 17 декември 2005 година, Европскиот совет реши Република Македонија да се стекне со статус земја кандидат за членство во ЕУ.

Евроинтеграцијата се покажа како мошне трнлив пат кој иако Македонија ја чинеше многу, не изгледа дека наскоро ќе ја донесе земјата до целта.

СДСМ кога дојдоа на власт истакнаа дека членството во Европската унија ќе им биде приоритет и дека по секоја цена ќе ја внесат Македонија во унијата.

Кога рекоа по секоја цена, навистина мислеа по секоја цена.

Власта предводена од Заев и СДСМ насилно го промени името на земјата во Република Северна Македонија за да и удоволи на Грција која со години го користеше правото на вето. Промената на името, која власта ја претстави како најголема пречка на патот на евроинтеграцијата, не го донесе долгоочекуваниот датум за преговори за влез во Европската унија.


По промената на името и повлекувањето на ветото од страна на Грција, Македонија наиде на нова пречка, овојпат од страна на Бугарија. Бугарија го искористи искуството на Грција, но и Договорот за добрососедство кој беше потпишан помеѓу двете земји за да ја уцени Македонија и да ги исполни своите големобугарски аспирации.

Бројни дипломати минатата година брифираа дека еврокомесарот Вархеји поднел предлог за решавање на спорот кој одел во прилог на бугарската страна, поради што тој не бил прифатен ниту од Скопје, ниту од тогашното германско претседателство со Унијата, ниту од повеќе земји членки на ЕУ.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји не сакаше да потврди дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија.

Досега власта, под притисок на народот го одложуваше исполнувањето на бугарските услови. Но, знаејќи дека оваа власт има еластична кичма, прашање на време е кога ќе потпишат сѐ што ќе им се побара.

Но дали превисоката цена која ќе ја плати Македонија ќе ја донесе до посакуваната цел, да биде дел од европското семејство.

Вето кое што можеби најмногу треба да ја загрижува власта е ветото кое Македонија го доби од Франција, која неочекувано ги закочи процесите на евроинтеграција, по што големите евроспки сили најавија реформи во унијата, но и во начинот и критериумите на пристап на нови членки. Тогаш не беа прецизирани новите услови кои земјите треба да ги исполнат да станат членки на унијата.

Француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншалан рече дека Франција во принцип не е против проширувањето на ЕУ, но бара реформи.

„Треба да разговараме за реформите што Европа треба да ги направи во нејзиниот пристап кон преговорите за проширување. Тоа се поглавијата што ги отвораме и ги затвораме. Тоа е како бескраен фељтон. Франција истакнува дека треба да се увериме дека реформите што беа барани како предуслов за почеток на преговорите се изгласани и се применети. Денес ќе разговараме за тоа. Повторно ќе кажам, Франција смета дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан е оправдана. Не постои опозиција на овој принцип. Но, мораме да ги направиме работите на кредибилен начин за да изградиме доверба и во регионот и во Европа“, изјави тогаш Француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншалан

Ова не се единствените внатрешни проблеми со кои се соочува Европската Унија. Несогласувањата на членките на политиката на унијата се прошири на повеќе сфери, вклучувајќи го и буџетот, кој беше блокиран од страна на Полска и Унгарија. Секако, не треба да се заборави ниту т.н. Брегзит, односно неодамнешното излегување на Велика Британија од Европската Унија.

Тоа укажува дека кризата во унијата е далеку подлабока, и дека приоритет секако ќе биде решавање на внатрешните проблеми пред пристапување кон проширување кон Балканот, односно Македонија, земја која наместо да напредува со реформите, беше прогласена за хибриден режим кој сѐ повеќе тоне во корупција, како што потврди и невладината Транспаренси, која го мери индексот на корупција и според која Македонија е рангирана на 111 место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This