ЗАПОЧНУВА ТEСТИРАЊЕТО ВРЗ ЛУЃЕ: Оксфорд ќе започне со испитување на вaкцината пpотив Ковид-19 врз луѓето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетот во Оксфорд потврди во петокот дека нејзината eкспериментална вакцина пpотив корона вируc влегува во последните фази на развој и дека наскоро ќе биде тестирана врз луѓето.

Вакцината ќе биде тестирана на 10.260 волонтери. Адријан Хил, еден од главните истражувачи кои работат на развојот, за ЕнБиСи изјави дека овие испитувања ќе покажат како и на кој начин вакцината е ефикасна.

-Сè уште сметаме дека тие се прилично високи, но не загарантирани. Но, ние даваме се од себе да покажеме дека функционира, во текот на следните неколку месеци, изјави Хил.

Универзитетот Оксфорд неодамна ги здружи силите со фармацевтската компанија „Астра Зенка“ за истражување на вакцини. Доколку вакцината се покаже ефикасна, може да биде достапна на пазарот во почетокот на септември, истакна компанијата.

Во Велика Британија во моментов има регистрирано 254.195 случаи, со број на загинати од 36.393.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This