ЗА МАЛКУ СУДАР ВО ВСЕЛЕНАТА: Два вештачки сателита за малку се разминале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со брзина од речиси 53.000 километри на час два вештачки сателита за малку се разминале над американската сојузна држава Пенсилванија.

Се работи за инфрацрвениот астрономски сателит Ирса лансиран 1983 година, и експерименталниот сателит ГГСЕ-4 лансиран 1967 година. Објектите минале еден покрај друг без инцидент. Тоа се случило во 1:39 часот по средноевропско време, околу 900 километри над градот Питсбург, соопшти гласноговорникот на американските вселенски сили.

Двата објекта се вон употреба, но се стравува дека при еден таков судир, нивните делови би создале т.н. вселенски отпад што може да оштети други објекти околу Земјата.

Последниот судир на сателити се случил 2009 година.

САД има најмногу активни сателити во орбитата – 1.007, од кои повеќето се комерцијални.

Бројот на вештачки сателити постојано се зголемува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This