За само два дена државата плаќа 1.100.000 евра за струја – реализиран нов тендер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако минатата недела ЕСМ купи струја од 5,5 милиони евра, деновиве се реализираше уште еден тендер. Истиот беше распишан викендов. Се бараа понуди за набавка на електрична енергија за периодот од 7 до 9 ноември. Во саботата наладне истечен е рокот за испраќање понуди за набавка на електрична енергија. За Лот 1 избран е ГЕН-И продажба на енергија ДООЕЛ, а за Лот 2 прифатени се понудите на ТЕ-ТО, Данске Комодитис, ЕТМТ Енерџи, Енерџи Активе и ГЕН-И продажба на енергија.

За само 2-3 дена ЕЛЕМ направи набавка на 1.100.000 евра. Во четвртокот беше донесено решение за прифаќање на понудите за испорака за периодот од 7 ноември до 20 ноември на Те-То и на Данске комодитис за Лот 1 и понудата на Данске Комодитис за Лот 2.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Зоран Заев купува струја за 5,5 милиони евра, тајно без никој да знае.

26.000 мегавати струја е купена за 5,5 милиони евра од ЕЛЕМ, затоа што Владата на Заев ги испразни електраните и го остави РЕК без јаглен. Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за еден месец за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава заради апашлукот на Заев, за да не остане без струја.Заев на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен. Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК. На државата буквално ѝ се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо и тоа само заради Заев и неговата неспсобност и трчање по тендери 5 години по ред.Заев ја турна Македонија во криза и секој ден поминат со Заев е нов трошок за Македонија – посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив Владата купува струја за 210 евра од мегават, а може да ја произведува 4 пати поевтино.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This