ЗДРУЖЕНИЕТО НА МАЈКИ СО БАРАЊЕ: Власта да овозможи продолжено породилно отсуство и право на годишен одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението на мајки на породилно отсуство бараат од власта продолжено породилно отсуство најрано до септември со возраст на дете од 12 месеци и право на користење на годишните одмори за 2019 и 2020 година согласно закон поради времените мерки превземени за борба против вирусот Ковид-19.

Со оглед на фактот дека нема упис на нови деца во градинките кои најавивте дека ќе се отвораат од Јуни, нашите најмали ќе останат незгрижени, а и вирусот е се уште присутен и ризичен по нивното здравје, затоа бараме продолжување на породилното отсуство најрано до Септември 2020 и возраст на дете од 12 месеци. Ве молиме за појаснување на законот за работни односи во член 141, став 4, кој се однесува на користење на годишниот одмор во случај на боледување и гласи: „Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година“. Дали став 3 и став 4 од истиот член 141 се однесуваат на ист датум 30.06 истата идна календарска година ( со оглед дека првиот дел од годишниот одмор се користи тековната година, а остатокот најдоцна до 30 јуни следната година) – се вели во барањето на здружението.

Според нив, за време на породилно отсуство, патолошка бременост или боледување, поради непредвидливи и несакани ситуации најчесто не биле во можност да го искористат остатокот од годишниот одмор поради двосмисленоста на терминот „идната календарска година“, бидејќи како што велат, работодавците ги толкуваат ставот 3 и ставот 4 од членот 141 како да станува збор за иста календарска година, што тие сметаат дека не е точно.

Од ова толкување на законот од страна на работодавците најмногу се засегнати мајките кои имале патолошка бременост. Овој тип на боледување се затвора 45 дена пред терминот на породување, па многу често остатокот од деновите на годишниот одмор остануваат неискористени и без надомест поради мислењето дека треба да се искористат до 30.06 идната година. Па така ние мајките започнуваме со работа оставајќи бебиња на 7,5 месеци, што е крајно дискриминирачки во однос на другите мајки кои имале нормална бременост, а во прилог на ова е и фактот дека во градинка може да се запишат деца со полни девет месеци – појаснуваат од здружението.
Оваа година породилните отсуства кои завршија до 18.03.2020 се продолжени со уредба поради времените мерки превземени за борба против вирусот Ковид-19.

Некои наши работодавци сметаат дека деновите од стариот одмор од 2019 г. воопшто не ни следуваат, односно ги сметаат за искористени, а други пак сметаат дека треба да се искористат до 31.05.2020. Додека пак првиот дел од новиот одмор за 2020 година, да се искористи најдоцна до 30.06.2020, па така во најголем дел или целосно, нашите денови од годишните одмори не ќе можеме да ги искористиме бидејќи се уште трае продолженото породилно отсуство. Ова размислување на работодавците сметаме дека е неточно од причина што уредбата со законска сила со која се утврдува дека лицата опфатени кои поради конкретни причини се ослободени од одење на работа за времетраењето на мерките за заштита, па како еден вид на помош за работодавецот се предвидува деновите кога не одат на работа да им се сметаат како денови од годишен одмор. Ние никако не спаѓаме во таа група од причина што во моментов користиме породилно отсуство и немаме потреба, ниту пак можност да ги користиме мерките за заштита од Ковид-19, а исто така не примаме плата од нашите работодавци туку примаме надоместок од Фондот за здравство. Од тие причини би ве замолиле што е можно побрзо да добиеме прецизен и издржан одговор – велат мајките во нивното барање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This