СЕЛМАНИ: Прво „победа“ над вирусот, после избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседателски кандидат, Имер Селмани во интервју за „Фокус“ вели дека за доброто здравје на граѓаните и добар животен стандард мора да има функционална демократија со функционален Парламент, но најдобар термин за избори е крајот на месец јуни, кога и законски треба да има избори, или почетокот на јули.

Кај нас пандемијата се поклопи со распуштање на републичкиот Парламент и нашата држава веќе неколку месеци е без функционално Собрание како највисока демократска државна институција. Оттука, мораме не само да размислуваме, туку и да ги организираме изборите во новите околности и што поскоро да имаме нов парламентарен состав, нова политичка Влада и следствено на тоа сите институции кои Парламентот и Владата ги бираат или именуваат. Политички игри на топло-ладно помеѓу власта и опозицијата во однос на изборите, во самата техничката влада, вонредната ситуација, полицискиот час, казните итн, секако ја отежнуваат и така тешката ситуација. Вака едноставно не треба и нема веќе да оди. Средината на јуни 2020 можеби е прехрабро да се каже дека ДИК и останатите државни органи ќе бидат подготвени да ги организираат изборите, меѓутоа крајот на јуни или почетокот на јули да, вели Селмани.

Според него, гледано од медицински аспект, никој не може да утврди кога ќе се прогласи победа над пандемијата, но е оптимист.

Од медицински аспект можеме само да претпоставиме, а не и со сигурност да знаеме како и кога ќе можеме да објавиме „победа“ над вирусот, меѓутоа очекувањата се дека наредниот месец повеќето држави во светот погодени со пандемијата ќе објават триумф. Во регионот пред неколку дена тоа го направи веќе Словенија која имаше многу слични показатели во однос на пандемијата како нашата држава. Оттука треба да се очекува, ако продолжиме да ги почитуваме препораките на здравствените институции до крај, многу скоро и ние можеме да објавиме „победа“ веќе наредниот месец, порача Селмани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This