ЗЕКИРИ: Бујар стана доктop благодарение на Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири остро го нападна вицепремиерот Бујар Османи откако тој го „спореди“ Заев со Груевски во изјавата дека „и тој бараше 61 пратеник“.

„Замислете Бујар Османи, човекот кој цел живот ќе му биде благодарен на Груевски поради фактот што никогаш немаше да добие решение како доктор во државната клиника да не беше токму бегалецот во Будимпешта, сега се обидува да спинува и споредува тоа што не се споредува, односно тоа што изјавува претседателот на СДСМ Зоран Заев и што всушност бараше Груевски, нивниот газда на времето.

Заев вели ќе победиме со 61 пратеник, но тоа не е доволно. Ќе ни треба уште една партија од албанскиот блок за да имаме силна и стабилна влада за важни реформи дома.

А неговиот побратим Груевски кај кој Бујар молеше и доби решение за вработување во државната клиника бидејќи тогаш му свртеа грб неговите сопартијци бараше “61 пратеник да не го уценувале Албанците”. – напиша Зекири на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This