И ДАРКО ЛЕШОВСКИ KPEНА PAЦЕ ОД НИВ: Само Заев е за смена на Вапцаров со член на УЧК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поетот Дарко Лешовски кој беше несуден директор на Струшките вечери на поезијата а работеше во тимот за пропаганда на Заев со реакција на смената на имињата на училиштата во општина Чаир каде Никола Јонков Вапцаров е заменет со Имри Јонузи кој “се борел со славомакеоднскиот непријател” во 2001 година.

“Кога онаа земја по која чекориш ти е туѓа, оние по кои велиш “свои браќа” и даваш живот за нивната слобода, а тие те претепувале во неколку наврати, па и пробувале да те убијат, а ти пак им простуваш, кога би се одрекол ти и од мајка и од татко свои, а би умрел ти за таа земја – ти не си поет, ти си Вапцаров!

Поети оваа земја дала со лопати да ги ринеш, ама Вапцаров е еден, Рацин е еден, Смирненски е еден.

За мене интимно, Вапцаров ќе биде секогаш џинот! Некако ко да се поклонувам пред сите тројца, ама Вапцаров ко да ми е од душава рода и фара.

Одеше еден стих од Конески: О мој Боже што толку ти се унижи, та мене да ме понижиш?!

Понижувајќи го Вапцаров било кој човек кој си го сака својот народ се понижува само себеси, својата душа.

Изградете поголеми и поубави училишта за кои ќе си одберете други имиња кои сметате дека ќе им прилегаат! Ниту сте вие доволно големи да го воздигнете Исмаил Ќемали, понижувајќи го Вапцаров, ниту пак таков човек од таа величина како Вапцаров или Ќемали би сакал да го избрише името на другиот за да го запише своето!

Кога ќе изградите нови школи, нови болници, нови студентски домови може ќе им бидете барем трошка достојни да им ги спомнувате имињата и на едниот и на другиот несомнено големи синови на својот народ, ама ниту тогаш нема да имате право да избришете име ни на еден ни на друг”, пишува Лешовски во емотивниот коментар за понижувањето на македонските историски личности.

Лешовски важеше за еден од највлијателните млади интелектуалци кои ги промовираше политиките на СДСМ но веднаш по доаѓање на власт се повлече од јавниот живот за сега пред изборите да упати оштра критика кон ДУИ и СДСМ.

Откако вчера Заев изјави дека името на училиштето кое го носи името на Вапцаров е илегално променето денеска тврди дека се е по закон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This