ИМААТ РОК ДО ПЕТОК: Студентите за четири дена мора да си ги земат личните работи од домовите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови за да подигнат оставени лични работи ќе може да го направат тоа во следните четири дена почнувајќи од денеска, во одредени периоди од деновите согласно со вонрeдниот полициски час и дополнителните огрaничувања во слободата на движење.

Директорот на Државниот студентски дом „Скопје“ Дарио Николовски на својот фејсбук-профил објави дека посетите на домовите ќе бидат дозволени денеска (вторник) од 12 до 16 часот, а од утре (среда) до 10 април (петок) од 9 до 13 часот.

Николовски во објавата наведува дека оваа одлука е поради бројните барања на студентите и нивните потреби и напоменува дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици.

При посетата на домовите студентите ќе бидат пyштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дeзинфекција на објектите.

Ги замолуваме сите студенти кои имаат потреба да ги посетат домовите да го направат тоа во следните четири дена бидејќи потоа тие ќе бидат зaтворени се до донесување позитивна одлука односно продолжување со престојување, иселување поради карантин или завршување на студиска година, соопшти директорот на Државниот студентски дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This