(ВИДЕО) ПРИМЕР КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СЛЕДИ: Учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ покажаа како се работи од дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ученици од средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ покажаа дека и деновите кои што моментално сите ги поминуваме дома може да бидат исполнети со голема доза на забава и креативност.

Имено, се работи за ученици од втора, трета и четврта година во музичкото училиште кои преку традиционална музика, игри и ора ја негуваат традицијата и преку онлајн наставата постојано се во тек со наставната програма, која се cпpeчeни да ја посетуваат во нивното училиште поради вoнрeднaтa cocтoјбa прогласена во државата.

Пораката која што тие ја упатуваат е многу важна за сите нас, таа е од клучно значење за нашето здравје, но и за здравјето на останатите под мотото #останидома учениците покажуваат како тече нивната настава од дома, а во разговор со професорката од музичкото училиште Благица Илиќ ни откри дека учениците се презадоволни од самиот тек на наставата, соработуваат и со нетрпение ја чекаат следната задача која како што вели таа, на нив не им се потребни денови за да ги исполнат туку со посебно задоволство ја сработуваат во рекордно брзо време.

Важно е да се напомене дека оваа годината училиштетото „Илија Николовски – Луј“ прославува 75 години постоење, а по тој повод во училиштето ќе бидат реализирани сите планирани проекти, кои се очекува да се случат во втората половина од оваа година поради вoнрeднaтa cоcтојбa, нагласи професорката Благица Илиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This