Нови четворица починати од корона вирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови четворица пацинети починаа на Инфективната Клиника од корона вирусот, потврдија за Телма од министесртвото за здравство. Починатите се од Куманово, струшко Лабуништа, Челопек и Штип. Болнички извори од штипската инфективна болница потврдија дека починатиот пациент од Штип е 80-годишна жена која пред неколку дена таа беше хоспитализирана од штипското Инфективно одделение.

80- годишната жена на штипското Инфективно одделение беше примена со симптоми на бронхопневмонија и негативен тест на корона вирус, а поради лошата здравствена состојба направен е втор тест но и тој се покажал како негативен. Семејството и по третпат ја тестирало, по што се покажа дека е позитивна на Ковид 19. По овој случај со 80 годишната жена, медицинскиот персонал од штипското Инфективно одделение е ставен во самоизолација од пред четири дена. Во самоизолација се двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари. Директорот на болницата веднаш направи реорганизација, медицинските сестри се пополнети од други одделенија, а на помош на лекарот инфектолог од неделата доаѓа и инфектолог од струмичката болница. Во моментов на штипското Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти позитивни на коронавирус и четворица се со сомнителни спимпоми и ги чекаат резултатите од тестовите.

Во синоќешното гостување во Топ Тема, градоначалникот Максим Димитриевски потврди дека уште двајца пациенти од Куманово починаа од корона вирус, од кои едниот бил припадник на граничната полиција.

Во меѓувреме, во кумановската болница земени се брисеви на 60 здравствени работници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This