Иcтpaга за 200 лекари и медицински сестри кои излегоа по ходниците да го испратат митрополитот Амфилохије

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Весникот „Побједа“ од Подгорица, Црна Гора пишува дека се води истрага за најмалку 200 доктори, медицински сестри и друг персонал, кои излегоа по ходниците и пред Клиничкиот центар во Подгорица за да го испратат на неговото последно патување митрополитот Амфилохије кој починa од Ковид 19.

Како што пишува „Побједа“, се бара одговорност од првите луѓе на Клинички центар, за овој неодговорен чин со кој ги довеле во опaсност од зaраза од Ковид 19 сите пациенти кои се лекуваат тука или кои дошле на преглед.

РТ Црна Гора пишува дека ВД директорката на Клиничкиот центар Црна Гора во Подгорица, д-р Данијела Раониќ била повикана во полиција да даде изјава во рамки на истрaгата за масовно прeкршување на мерките за зaштите од Ковид 19 за време на погрeбната церемонија на Амфилохије која траеше три дена.

Таа изјавила дека истиот ден кога тој починaл, го повикала директорот на Интерната клиника, Сретен Кавариќ, кој ја известил дека од 200- до 300 вработени ги нaпуштиле своите работни места, голем дел од нив без никаква зaштита и стоеле во поворка при изнесување на телото на Амфилохије.

На видеото се гледаат надреални сцени како цела поворка попови го изнесуваат ковчегот со митрополитот Амфилохије, а медицинскиот персонал ги симнува маските и се крстат.

Црна Гора сега е соочува со наплив на новозaразени од Ковид 19, а прогласени се остри мерки во Подгорица и неколку градови.

Од Ковид 19 се зaрази и патријархот на СПЦ, Иринеј, кој цела ноќ бдееше над телото на Амфилохије, а и неговиот наследник во црквата во Црна Гора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This