Ким Кардашијан и Канје Вест ce paзвeдyвaaт? Кpaj нa бpaкoт нa пapoт пocлe 6 гoдини, пpичини имa мнoгy…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ким Кардашијан и Канје Вест, после шпекулациите за разводот на парот во светот на шоубизнисот – наводно сега одлучиле да стават точка на бракот, пренесуваат американски месиуми.

“Ким има свои работи и проекти кои и се важни, а Канје свои. Нивните животи многу не се поклопуваат“, рекол извор за “People”.

Парот и понатаму е во формален брак, но живеат одвоено, тврди извор близок на семејството.

“Ким делува среќно и доста е фокусирана на работата. Таа верува дека може да донесе промена кога станува збор за реформи во затворот. Тоа е нејзина страст. Семејството е гордо на неа, вели изворот, алудирајќи на фактот дека таа се школува за правник и дека оваа недела го потикнала Доналд Трамп да ја ублажи казната на Брендон Бернардо.

Инаку ова лето парот имал бурна турбуленција во однос на музичарот кој на Твитер тврдел дека Ким сакала да го абортира нивното дете, каде што таа се огласила со отворено писмо во кое потврдила дека нејзиниот сопруг пати од биполарно пореметување.

“Многумина од вас знаат дека Канје има биполарни пореметување. Секој кој боледува од оваа болест, или сакана личност пати од неа, знае колку е тоа болно и комплицирано тоа да се разбере. Никогаш јавно не зборував како сето тоа се одрази кај нас во семејството бидејќи ги заштитував нашите децата. Денес чуствувам дека треба тоа да го коментирам поради стигма и заблуда за менталното здравје. Оние кои се разбираат во ментални пореметување, дури и во комплусивно однесување знаат дека семејството е немоќно доколку членот не е малолетник“, напишала меѓудругото.

Инаку Ким и Канје се во брак од 2014 година и имаат четири деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This