Кина забрани “феминизирани мажи” на телевизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската влада забрани феминизирани мажи на телевизија и им порача на медиумите да промовираат „револуционерна култура“, засилувајќи ја кампањата за построга контрола и наметнување официјален морал.

Претседателот Ши Џинпинг повика на „национално освежување“ со засилена контрола од Комунистичката партија на стопанството, образованието, културата и религијата. Компаниите и јавноста се под засилен притисок да застанат зад визијата за помоќна Кина и поздраво општество.

Владата веќе им го ограничи времето за онлајн игри на малолетниците и се обидува да го намали, според неа, нездравото внимание кое им се посветува на славни личности.

Телевизиите мора „решително да им стават крај на феминизираните мажи и другата абнормална естетика“, соопшти ТВ регулаторот, користејќи притоа навредлив жаргон за феминизираните мажи „niang pao“ или во буквален превод „женствени пиштоли“.

Тоа е одраз на официјалниот страв дека кинеските поп-ѕвезди, под влијание на елегантниот, женствен изглед на пејачи и актери од Јужна Кореја и Јапонија, не ги охрабруваат кинеските мажи да биде доволно мажествени.

Илјадници „исчезнаа“ од платформите

Телевизиите треба да избегнуваат промоција на „вулгарни интернет ѕвезди“ и восхит за богатство и слава, соопшти регулаторот. Наместо тоа, програмата треба „енергично да ја промовира одличната кинеска традиционална култура, револуционерната култура и напредната социјалистичка култура“.

Комунистичката партија ја засилува контролата и на славните личности. Телевизиите треба да избегнуваат настапи кои „го нарушуваат јавниот ред“ или „го загубиле моралот“. Програми за деца на славните личности, исто така се забранети.

Порталите и социјалните платформи веќе започнаа со имплементација на одлуките. Платформата Веибо суспендираше илјадници групи на обожаватели и вести за забава. Популарната актерка Жао Веи исчезна од сите стриминг сервиси без објаснување. Нејзиното име е повлечено и од потписите на филмовите и ТВ програмите.

Друга актерка, Женг Шуанг, минатата недела беше казнета со 46 милиони долари поради избегнување данок, како пример за другите славни личности да бидат позитивни модели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This