Aлapмaнтнo вo Teтовo: Hoви чeтиpи cmpтни cлyчaи oд кopoнaвиpyc во изминaтитe 24 чaca…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири лица на возраст од 63 до 74 години хоспитализирани во тетовската Клиничка болница се починати како последица од Ковид-19 во изминатите 24 часа, информираат од Ковид центарот.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 2 септември во тетовскиот регион во текот на пандемијата 441 лице починало поради Ковид-19.

-Изминатите 24 часа до седум часот утринава примени на се нови девет пациенти. Во моментот има 106 хоспитализирани од кои 104 се на кислородна поддршка. Во текот на овие 24 часа дома се пуштени девет луѓе, информира д-р Гзим Нуредини од Ковид центарот.

Бројот на прегледи и контроли во амбулантскиот дел на Ковид центарот изнесувал 149.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This