Кисинџер пpeдyпpeдyвa: Дoкoлкy САД и Кина нe ce дoгoвopaт cлeди kaтacтpoфa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски државен секретарт Хенри Кисинџер денеска предупреди дека доколку САД и Кина не се договорат за нов глобален поредок, кој ќе гарантира стабилност, светот може да се соочи со опасен период каков што предходеше на Првата светска војна.

– Дефинитивно е многу поопасно сега отколку тогаш, наведе Кисинџер додавајќи оти високотехнолошкото оружје од двете страни може да доведе до судири од незамисливи размери.

Тој истакна дека клучно прашање е дали САД и нивните западни сојузници можат да постигнат согласност со Кина за нов светски поредок.

Кисинџер беше државен секретар од 1969 до 1977 година односно за време на мандатот на Ричард Никсон и на Џералд Форд.

Тој во 1973 година заедно со Ле Дук То ја доби Нобеловата награда за мир за потпишување на мировниот договор с „Завршување на војната и враќање на мирот во Виетнам“ што беше потпишан во Париз во јануари истата година. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This