Ковачевски peкетирал илјадници евра за промена на името, се зakaнувал со Вице Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бизнисмени се жестоко рекетирани за да добијат работа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг за новинарите.

Ваквите свои тврдења Мицкоски ги поткрепи со нова криминална афера која се случувала за време на референдумот за промена на името, класичен случај на рекет.

Се работи за фирмата „Рубитон ДООЕЛ Битола“ која учествувала во тендерска постапка за ископ на јаловина во рудникот Суводол за потребите на РЕК Битола.

Фирмата Рубитон била избрана како најповлен да ги извршува ископните работи на „Откопното поле Б“ па така бил скучен договор со РЕК Битола.

На 24.08.2018 година „Рубитон“ пристапиле окн поднесување на барање до договорниот орган за овозможување на влез на механизацијата во рудникот Сувдол соогласно пропишаните услови во договорот.

Уште од самиот почеток на добиениот тендер, фирмата Рубитон била опструирана од Рек Битола и тогашното раководство на чело со Васко Ковачевски.

Во истиот дек кога од нивна страна поднеле барање за влез на механизација, сопственикот на Рубитон добил повик од Васко Ковачевски кој побарал да отстапат 50 проценти од работата добиена на тендер на компанијата „Св Инвест“ доколку сакаат нивната механизација да врши ископ и механизацијата да добие пристап до рудникот.

-Добро е ова што сте добиле тендер сте биле најефтини, но мора да и отстапите 50 проценти од работа на СВ Инвест Стојан Чифлигаровски, тоа се прави нотарски сме го правеле и претходно, вели Мицкоски парафризирајќи го разговорот на Васко Ковачевски со сопственикот на Рубитон.

Веќе наредниот ден, сопственикот на Рубитон добива втор повик во кој овој пат Ковачевски бара 75 проценти од работата да биде отстапена на СВ Инвест.

-Повторно се јавува Ковачевски и бара отстапување овој пат од 75 проценти, тој не прифаќа упатувајќи дека тоа е незаконско, вели Мицкоски.

За да биде уште поскандалозна целата афера, Ковачевски во третиот разговор воден во живо, побарал отстапување на 100 проценти од работата на СВ Инвест под изговор дека овие средства се клучни за успешен референдум за промена на името на државата.

-Третиот ден Ковачевски го поканува сопственикот на Рубикон на состанок со Стојан Чифлигаровски, СВ Инвест во менувачница Саат кула во Битола, се бара да бидат отстапени 100 проценти, многу е важно тука има ресурси за референдумот, додаде Мицкоски.

Ковачевски му посочил на Василев дека за ништо работа ќе добие 10 илјади евра, а откако се посоветувал со својот адвокат сопственикот на Рубитон посочил дека тоа што го бара од него Ковачевски е незаконско и бара спогодбено да се раскине договорот.

-На нотар ќе префрлите 99 проценти ќе добиете 10 илјади евра за ништо работа. Во тој момент Василев вели ова јас не го прифаќам и вели ќе се консултирам со мојот адвокатски тим, адвокат Васко Михајлов вели дека нема таква законска можност. Му се јавува на Ковачевски и му вели ова е незаконски или да се раскине договорот спогодбено за да нема реперкусии за никого, вели Мицкоски.

На барањето за раскинување на договорот, Ковачевски му побарал 250 илјади евра кои треба да му бидат дадени нему или на Вице Н. како што стои во првичната кривична пријава.

-Ковачевски му вели спремете 250 илјади евра во кеш кои ќе ми ги донесете мене или на Вице Н. во Вила Парк Струмица. Тој дел од пријавата е променет. Лазе Велковски екс директорот на БЈБ кога видел дека се споменува името на братот на Зоран Заев во пријавата, а станува збор за ресторанот во југоисточна Македонија, отрчал до Вилма Русковска и побарал истиот документ да биде променет, само таа страна е различна и новиот документ е невнимателно заверен со внесен печат подоле од првиот докумен, истакна Мицкоски.

Откако висок полициски функционер увидел дека се споменува братот на премиерот, тој побарал да се промени третата страна од кривичната пријава од сопственикот на Рубитон директно од Вилма Русковска, а како што се гледа од документите пријавата навистина била променета.

-И освен разликата во сведочењето каде се споменува Вице и презиме непознато, и Горан Јаворшпет или еден од сопствениците на Тотал Инжењеринг. Заедно со обвинителката е сменет записникот, ве молам тоа да го истражите за среќа има луѓе кои ги чуваат двете копии и се подготвени да сведочат за тоа што јас го говорам, посочи Мицкоски.

„Обвинувањата на Хрстијан Мицкоски немаат врска со реалноста, станува збор за лага, измислица, креација во умот на човекот кој е опседнат со мене“ , изјави Вице Заев за Инфомакс.

-Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицковски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила – посочува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This