КОРОНАВИРУСОТ ГИ ИСПЛАШИ: Генералното собрание на ООН за прв пат без светски лидери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Тиџани Мухамед-Бандe изјави дека лидерите на државите членки нема да дојдат во Њујорк на крајот на септември на годишниот собир, за прв пат во историјата на оваа организација, поради пандемијата на коронавирусот.

Тој посочи дека се надева дека во наредните две недели ќе го објави начинот на кој претседателите на 193 земји ќе одржат говор за горливите локални и глобални теми за време на Општата дебата.

Мухамед-Бандe на прес-конференцијата изјави дека светските лидери нема да дојдат во Њујорк за годинашната седница на Генералното собрание на ООН. Нивното пристигнување е секогаш придружено со големи делегации, што претставува ризик во сегашните услови на пандемијата на коронавирусот.

Оваа ситуација е преседан во историјата на одржување седници на Генералното собрание на ООН – за прв пат по 74 години, седницата нема да се одржи на вообичаен начин.

Минатиот месец, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш препорача драстично да се намали бројот на лица на седницата.

Гутереш предложи светските лидери да ги снимаат своите пораки и да бидат присутни во живо само оние дипломати од земјите членки на ООН кои живеат во Њујорк.

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Тиџани Мухамед-Банд изјави дека е можно до крајот на септември да биде дозволено стотина луѓе да присуствуваат на седницата.

Седницата на Генералното собрание на ООН обично собира илјадници луѓе, владини претставници, дипломати и претставници на граѓанското општество, а годинава тој број требаше да биде уште поголем, заради прославата на 75-годишнината од ООН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This