Костиќ за Јовановиќ: Порадо би гледал турски серии одошто политички емисии со квaзи аналитичари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драган Костиќ на социјалните мрежи реагираше на изјавите на Ненад Јовановиќ во вечерашното издание на „Само вистина“, порачувајќи му да се врати во племенска заедница и за казна да чита, со надеж дека можеби ќе научи, односно ќе сфати некои работи. Тој побара од телевизиските куќи да бидат поселективни при изборот на гости.
Костиќ, револтирано додава дека воопшто не го интересира политика, и дека порадо би гледал турски серии отколку емисии со квази аналитичари. Она што го интересира е, додава тој, кој ќе се справи со здравствената криза, нагласувајќи дека народот е спремен и да ја урне владата доколку наскоро не се обезбедат вакцини.

„Гледам САМО ВИСТИНА.Не ме интересира политика. Порадо би гледал турски серии одошто политички емисии со квази аналитичари. Ама овој Ненад Јовановиќ треба да се врати во племенска заедница и за казна да чита (од кога ќе го научи тоа, кога ќе дојде време ), пред се книги, за кој вели дека се “источни” (историја, книжевност, архитектура, сите книги за машинство, медицина, математика, од какви учеа на своите факлултети многумина мои пријатели…) па можеби ќе сфати некои нешта. Не ме интересира ни СДСМ, ни ВМРО…ме интересира МОЕТО ЗДРАВЈЕ. А чиј лек и кој ќе ми го овозможи, не ми е битно.Овој Н.Ј. сфаќа ли дека ако наскоро нема вакцини, а смртноста почнува да се зголемува во сите балкански земји (без оглед НАТО или ЕУ членки) народот ќе ги урива владите.
Како ќе се вратат назад? Веројатно, на”демокртатски” начин. Притисоци, уцени, американски систем на избори….
Кој и да победува….
А бе одговорни од телевизиите, тргнете некои луѓе од пред очите и ушите на јавноста, за доброто на сите.
Не е се, во наводната гледаност.“, пишува Костиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This